ООУ „Свети Кирил и Методиј“

По повод “Денот на пролетта” и “Денот на екологијата” во нашето училиште се одржа “Еко модна ревија”.

Facebook
LinkedIn
Email
Print

По повод “Денот на пролетта” и “Денот на екологијата” во нашето училиште се одржа “Еко модна ревија”. Учениците заедно со своите наставници и родители/старатели организираа повеќе активности. Дел од учениците изработија костими, рачни изработки од рециклирачки материјали, дел од учениците садеа цвеќиња со цел разубавување на нашето училиште или нашиот втор дом, дел од учениците се погрижија за собирање отпадоци околу училишната зграда, дел од учениците пишуваа лични творби и еко-пораки, дел од учениците цртаа ликовни творби со еко-мотив, а една група ученици беа дел од Лего тимот кој изработи игралиште за баскет, еко-училиште, пролетен дожд и викендичка на село. Беа доделени награди за освоено I, II и III место за најдобра рачна изработка на костим од рециклирачки материјали и награди за освоено I, II и III место за најдобар цртеж со еко-мотив. Сите ученици добија пофалници за учество. 🍀🌺🌷👗👘🎨🖼🥇🥈🥉📝