👉На 24.10.2023 година учениците од IXа и IXб одделение заедно со наставничката Елена Паланкова, во рамките на проектот ” Мрежа за искуствено учење” ја посетија Ботаничката градина при Природно-математичкиот факултет.

🔍Со помош на едукативната програма “Размножување кај растенијата”, учениците се стекнаа со искуство и знаења за детерминирање, 🔬набљудување, споредување и донесување заклучоци за растенијата и нивните репродуктивни органи. 🔬🌸🌿☘️🍀🍁🍂
Етно катчето во нашето училиште

Етно катчето во нашето училиште, надоградено, проширено и надополнето во знакот на традицијата, фолклорот и обичаите. Целта на уредување на Етно катчето е учениците да се запознаат со традицијата и фолклорот преку создавање на креативен дух и да го негуваат културното наследство.
Велигден е еден од најголемите христијански празници. Тогаш го славиме воскресението на Исус Христос!

Велигден е еден од најголемите христијански празници. Тогаш го славиме воскресението на Исус Христос! Светиот обичај на Велигден е најмногу поврзан со бојадисување, размената и кршењето со јајца за здравје. Овој обичај е омилен на сите, мали и големи. По тој повод учениците од 5 а одделение заедно со нивната наставничка Јулијана Тренчева имаа работилница […]
Одбележување на Меѓународниот ден на здравјето во нашето ПОДРАЧНО УЧИЛИШТЕ.

Денес е меѓународен ден на здравјето. Со повод одржливост на добро здравје нашите најмали и најмили ученици Ви упатуваат охрабрувачки видео пораки и им даваат поддршка на здравствените работници. ВИ ПОСАКУВАМЕ ДОБРО ЗДРАВЈЕ!!!
Лего турнеја во нашето училиште

Нашето училиште имаше чест да биде меѓу првите учесници во Лего-турнеја, проект на Еко Логик. Активно учество преку Едукативно-креативни работилници земаа сите ученици од I до IX одделение заедно со своите наставници.
Меѓународниот ден на среќата

Денеска со пролетта доаѓа Меѓународниот ден на среќата, настан создаден да потврди дека среќата е една од основните права на човекот и секако на децата. Учениците од 3а и 4а одделение со своите наставници Марија Анѓеловска, Милица Маринковиќ и Цветко Тапчановски, низ разни активност го одбележаа овој среќен ден😀. Свое учество зема и директорот на […]
Денес е Светски ден на лицата со Даунов синдром

ДА БИДЕ ПРОЛЕТ ЗА СИТЕ Денес е Светски ден на лицата со Даунов синдром. 21 март е симболично одбран датум поради трите копии на 21-от хромозом (трисомија 21) што се присутни во клетките на лицата со оваа состојба. Во нашето училиште, заедно со специјалниот едукатор и рехабилитатор Ивана Атанасоска-Милевска се организираа активности на тема “сите […]
МЕЃУНАРОДЕН ДЕН НА МАТЕМАТИКАТА

МЕЃУНАРОДЕН ДЕН НА МАТЕМАТИКАТА, International Day of Mathematics (IDM) е 14 март, а тој ден е познат уште и како „Денот на Пи“. Датумот е така одбран поради првите две цифри на најпознатата математичката константа Пи,π = 3,14…. (3 – третиот месец март, 14-от ден во месецот) Денот на Пи се слави низ целиот свет, […]
Празникот „Баба Марта“ во нашето ПОДРАЧНО УЧИЛИШТЕ

💁♀️Културната практика поврзана со ‚‚1 март‘‘ нашите ученици ја одбележаа како ‚‚пролетна традиција‘‘ со обичај изработки на мартинки, истите со радост ги подарија на своите сакани другарчиња со желба да ги носат до првото расцветано дрво, за здравjе и среќа. 💁 👫Овој празник кај дечињата е познат како ‚‚Баба Марта‘‘, а месецот март од старо […]