ООУ „Свети Кирил и Методиј“

Посета на Францускиот институт во Скопје

Facebook
LinkedIn
Email
Print

Денес, на 5.4.2023, ученици од 8а и 8б одделение заедно со предметниот наставник Андријана Шегмановиќ, беа во посета на Францускиот институт во Скопје. Учениците имаа прилика да ја запознаат медиатеката, да разгледаат литература на француски јазик, стрипови и различни изданија од областа на француската архитектура, кујна, мода. Потоа имаа можност да направат виртуелна прошетка низ Париз (VR), физички да се тука, но со VR како да се во Париз. За учениците ова беше едно интересно и ново доживување. Заминавме со позитивни впечатоци и желба повторно да го посетиме Интитутот.🗼👫👬