ООУ „Свети Кирил и Методиј“

👉На ден 19.10.2023 година нашите ученици од IXa и IXб одделение заедно со учениците од ООУ “Александар Урдаревски”, Сандево и ООУ “Михаил Грамено”, Блаце беа во посета на Кабинетот на претседателот на Република Северна Македонија, во рамки на ОТВОРЕН КАБИНЕТ. 

Facebook
LinkedIn
Email
Print

👫Учениците ги посетија просториите во кои се одвиваат официјалните работни средби, салите за церемонии и состаноци за конференции. Ја посетија и Мозаик- салата, при што имаа прилика лично да се сретнат со претседателот на нашата држава. Имаа прилика да му поставуваат прашања за се’ што ги интересира за функцијата ПРЕТСЕДАТЕЛ. 

🖼Учениците со помош на претставник од Кабинетот за запознаа и со историјата на вилата, со протоколите и со сите други специфичности. Исто така, имаа прилика да го разгледаат монументалното дело на академик Глигор Чемерски. ✅️