👫Учениците ги посетија просториите во кои се одвиваат официјалните работни средби, салите за церемонии и состаноци за конференции. Ја посетија и Мозаик- салата, при што имаа прилика лично да се сретнат со претседателот на нашата држава. Имаа прилика да му поставуваат прашања за се’ што ги интересира за функцијата ПРЕТСЕДАТЕЛ.
🖼Учениците со помош на претставник од Кабинетот за запознаа и со историјата на вилата, со протоколите и со сите други специфичности. Исто така, имаа прилика да го разгледаат монументалното дело на академик Глигор Чемерски. ✅️




