ООУ „Свети Кирил и Методиј“

St. Valentine‘s Day

Facebook
LinkedIn
Email
Print

На часовите по англиски јазик продолжуваме да се запознаваме со традицијата и празниците во државите во кои се говори англискиот јазик. Тоа придонесува за подобро разбирање на различностите, поголема толеранција и почитување. Во пресрет на празникот на љубовта, St. Valentine’s Day, наставничката Александра Пирковиќ- Балшиќевска со учениците од 9-а одделение спроведе работилница на која беа пишувани креативни пораки за љубовта. Изработена беше и “љубовна кутија” во која во текот на денешниот ден учениците имаа можност да остават пораки. Љубовта го прави животот поубаво место за живеење!

Ученичките изработки и насмевки го разубавија нашето училиште!